Средба Ахмети – Курц

Од:

Потребна е силна меѓународна интервенција во спорот меѓу Скопје и Атина бидејќи без надминување на прашањето за името, Македонија не може да стане членка на НАТО ниту да ги почне преговорите за членство во ЕУ, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа на средбата со австрискиот министер за надворешни работи во седиштето на партијата во Тетово.

– НАТО носи траен мир, стабилност и безбедност, но исто така, обезбедува здрави односи меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата. Берлин, Брисел, Виена, Лондон и Париз треба да се ангажираат што е можно поскоро Европа да стане цела, исто така, придонесот на Вашингтон нема да недостига. Глобалните ризици со кои се соочуваме денеска во различни делови на светот треба да ни служат како сигнал за дејствување веднаш во однос на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, изјавил Ахмети, соопшти ДУИ.

Министерот Курц од своја истакнал дека Австрија е пријател на Македонија и целосно ќе ја поддржува интеграцијата на земјата во ЕУ, изразувајќи подготвеност да помогнат во овој значаен процес.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он