Средба Ахмети-Фалатко: ДУИ ќе продолжи да биде промотор на западните, евроатлантски вредности

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на работна средба ја пречека Сузан Фалатко, в.д. директорката на канцеларијата за Југоцентрална Европа при Стејт Департментот на САД.

Од ДУИ информираат дека соговорниците разговарале за политичките активности во регионот, како и стратешките определби за иднината на регионот кои се ЕУ и НАТО.

„Страните се согласија дека стратешки интерес на Македонија е интеграцијата во Европската Унија и членството во НАТО. Две основни вредности кои ќе обезбедат економски развој, безбедност и стабилност. Претседателот на ДУИ и се заблагодари на Фалатко за безрезервната поддршка што Стејт Департментот ја дава на Македонија, и ја увери дека Демократската Унија за Интеграција и понатаму ќе биде главен промотор на западните, евроатлантските вредности како и фактор на стабилност и напредокот во земјата“, соопшти ДУИ.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Израел: Ајатолахот е мртов

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Американците објавија видео од нападот врз Иран, ново оружје употребено за прв пат

Иран порача: „Ќе употребиме невидено оружје“