Средба Африм Гаши-Енес Ибраим

Од:

Во рамките на средбите кои претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, ги остварува со лидерите на другите политички партии во Македонија, денес оствари средба со претседателот на Партијата на Движењето на Турците во Македонија, Енес Ибраим.

Во оваа пријателска средба претседателот Гаши и претседателот Ибраим заедно констатираа дека Македонија се наоѓа во една значајна пресвртница на нејзината историја и затоа се бара освестување од сите етнички заедници во земјата, оценувајќи го моментот на членство во НАТО и решавањето на спорот за името на државата.

Воедно, претседателот Гаши го повтори веќе познатиот став дека Движењето БЕСА е спремна да помогне во овој значаен процес за државата. Додека, од негова страна, Енес Ибраим, и како учесник во владата, изрази благодарност за посветеноста на Движењето БЕСА, и истакна дека и тој во Беса гледа сојузник со кој може да се соработува во иднина.

Претседателот Африм Гаши со овие состаноци ќе продолжи и во деновите што следат.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски