Сребрен медал за македонскиот пронајдок „Производство на едноставен антипенливец“ во Сеул

Од:

Пронајдокот „Производство на едноставен антипенливец” од иноваторите Филимена Карафиљковска и Виолета Солакова, професорки од СУГС „Марија Кири Сколодовска“, доби сребрен медал на Меѓународна изложба на жени пронајдувачи „KIWIE 2017“ што се одржа во Сеул, Република Кореја.

Пронајдокот беше награден и со специјална награда и диплома од Институтот за патенти од Република Турција, златен медал со диплома од Тајландската асоцијација за промоција на пронајдоци и иновации, како и со диплома од Заводот за индустриска сопственост на Република Чешка.

На изложбата, во организација на Корејанската асоцијација на жени пронајдувачи – KWIA и со поддршка од Корејанскиот завод за интелектуална сопственост – KIPO и од Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO, учествуваа жени – пронајдувачи од 23 земји со 79 пронајдоци.

Во рамките на програмата на изложбата бил одржан и Форум 2017, на кој било разгледано прашањето како да се обезбеди економски раст преку промовирањето на иновациите и била истакната важноста на влијанието на жените во креирање на своите бизниси заедно со заштитата на правата од интелектуална сопственост .

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија на меѓународната изложба се претстави и со пронајдокот „Оригинална тераписка шема за тописки третман – локална апликација на вагинални таблети за лекување на инфекција со Human Papilloma Virus и лезии со низок малигнитет на вагината и грлото на матката кај жената во постменопауза (без менструален циклус)” од пронајдувачите Весна Антовска и Милка Трајанова, кој беше награден со највисоко престижната награда „SEMI-GRAND PRIX“.

Би можело да ве интересира

Отворен е конкурсот за наградата за најдобар предов „Драги“ 2

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

Тимот на ИРЛ добитник на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Повеќе награди за македонските пронаоѓачи на саем во Москва

Жарко Настоски