Миленковски, Бакија, Николовски, Тевчев и Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“

Од:

Јошко Миленковски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот за 2025 година.

Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата.

Јошко Миленковски е добитник на наградата за животно дело за 2025 година, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план. Признанија за значајни спортски остварувања добија и Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници кои оставиле силен белег во македонскиот спорт.

Министерот за спорт Борко Ристовски на доделувањето на наградата во Собранието рече дека оваа награда е заслужена и има тежина и вредност. Им честита на сите добитници и истакна дека таа е пример за тоа како треба да се претставува спортот, да се промовираат вистински вредности и да биде мотив и за другите.

Тој му ја врачи наградата за животно дело на проф. Д-р Јошко Миленкоски, чиј професионален и научен пат е синоним за афирмација на македонскиот спорт. Тој е истакнат македонски одбојкар, долгогодишен одбојкарски тренер, актуелен селектор на македонската одбојкарска репрезентација и тренер.

Миленкоски се заблагодари за наградата и рече дека годинава слави јубилеј 50 години во одбојката, без ниту еден ден пауза.

– Мојот живот беше и останува посветен на одбојката. Вложив многу труд и љубов, потенцира Миленкоски.

Наградите ги доделува Одборот за државната награда „8 Септември“, кој традиционално ја организира оваа манифестација во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста.

Би можело да ве интересира

Американците го бараат водачот на ирачката милиција, нудат 10 милиони долари за информации каде се крие

Иран нуди награда од 60.000 долари за вториот американски пилот кој се катапултираше

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Предраг Петровиќ

Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: На чекор сме од Европа, тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето