А1он од Белград дознава дека администрацијата на Николиќ буднo следи што ќе и биде соопштено на Македонија од Венецијанската комисија, а се однесува на законите и практиката нејзините препораки но и критики за процесот на лустрација.
А1он дознава дека Белград длабоко ќе го анализира овој извештај и ќе изготви закон кој нема да биде во спротивност со препораките на Венецијанската Комисија на Советот на Европа кои се однесуваат на Македонија.
Од невладина организација во Белград дознаваме дека неколку експерти се ангажирани од странство во врска со изготвување на законот . Дел од експерите се од Германија кои работеле на проблематиката со Штази , а дел се од Романија , Бугарија и Чешка.
Овие денови во Белград престојува советодавен тим на Бугарските невладини организации кои би требало да дадат советодавно-техничка помош на Белград за подготовка на нов Закон за лустрација кои би се донел на пролет.
Од Белград дознаваме, дека Николиќ е подготвен да се сретне со сите политички личности од бившата СФРЈ и да го разгледаат начинот и поделбата на тајните архиви, лустрацијата и обештетувањето на жртвите од комунистичките режими
.Ова би се случило после донесување на Законот за лустрација во Србија , во втората половина на наредната година.