Србија од четврток го укинува задолжителниот ПЦР тест за македонски државјани

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, информира владиниот кабинет.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година, се наведува во соопштението.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, се додава во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски