Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 руски вакцини „Спутник V“

Од:

Србија повторно донираше вакцини против Ковид-19 на Македонија. Станува збор за 20 илјади руски вакцини „Спутник V“ (прва доза, за 20 илјади граѓани) кои околу 13 часот пристигнаа во земјава. Пратката беше дочекана од страна на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, кои се заблагодарија на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ за солидарноста.

„Самиот чекор е великодушен, од 100 илјади вакцини, Србија ни донираше 20 илјади. Секаде во светот е борба за вакцини, а српскиот народ со македонскиот народ споделува нешто што е свое, тоа само го јакне пријателството меѓу Србија и Македонија. Овие 20 илјади вакцини се првата квота, за да можеме да го продолжиме процесот на вакцинација без никакво стопирање“, изјави Заев.

И министерот Филипче ѝ се заблагодари на Србија за донацијата и рече дека руските вакцини ќе бидат искористени за да се вакцинира критичната инфраструктура.

„Со овој чин, се овозможува континуитет во вакцинацијата. Додека го чекаме мислењето од ЕМА дали на помлaдите може да им се даде вакцината АстраЗенека, ќе ја вклучиме вакцината на Спутник, со цел да во вакцинацијата да се вклучат што повеќе категории граѓани. Благодарност за солидарноста на Србија“, рече Филипче.

Досега, Србија на Македонија ѝ донираше 8 илјади дози од американската вакцина „Фајзер“. Вакцините „Спутник V“ се втора донација на вакцини од соседна Србија.

Во меѓувреме, како што потврди и министерот за здравство Венко Филипче, околу 10.000 македонски граѓани во изминатиот викенд се вакцинираа во Србија, со вакцината „АстраЗенека“.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on