Срамота: Караџовски му ја поправи оценката на Панчевски

Од:

Судскиот совет на Република Македонија во експресна постапка, на седницата која се одржа во петокот извршила  преоценување на двајцата кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје.

Судскиот совет, за доскорешниот претседател Владимир Панчевски, дал највисоки резултати, веројатно, за да може да остане во трка за претседател на скопска “единица”, но затоа, пак, на неговиот конкурент, судијата Иван Џолев му ги намалил бодовите, иако тој имаше добиено подобри оценки за неговото работење.

Одлуките на Судскиот совет на кандидатите им биле врачени во петокот , пред крајот на работното време, со напомена дека по однос на решенијата се допуштени жалби во рок од осум дена,но малку е веројатно дека и да има жалби тие ќе бидат прифатени и на седницата, закажана за в четврток, Владимир Панчевски да треба да добие уште еден мандат.

Низ судските кулоари се шпекулира дека зад Панчевски застанал претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, кој и до сега го игнорираше однесувањето на Панчевски, кому токму судијата Иван Џолев му подснесе кривична пријава за влијание при донесување на судска одлука.

Со новото преоценување и бодирање Судскиот совет најверојатно планира да го задржи Панчевски во игра и покрај тоа што угледот на судот, во времето кога тој претседателствуваше беше на најниско ниво, а односите меѓу вработените беа до крај нарушени.

Владимир Панчевски, изминативе месеци, е во фокусот на интерес на јавноста како поради неговиот игнорантски однос кон Специјалното јавно обвинителство, така и поради скандалите кои се однесуват на неговата дивоградба во строгиот центар на Скопје. За името на Панчевски се врзуваат и приватни афери и скандали.

Извор: Макфакс

Би можело да ве интересира

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседател на Кривичниот суд Панчевски

А1он

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

А1он

Адвокатот на Владимир Панчевски побара укинување на притворот

Жарко Настоски

Почна судењето на судијата Панчевски

Ана Ололовска

Панчевски сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Кристијан Ландов

Нема потерница за Панчевски, судот не ја добил поштата од МВР

Кристијан Ландов