Спроведена акцијата „Македонија без отпад 2014“

Од:

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ денеска на повеќе локации во неколку општини во државава се спроведоа акции за чистење отпад на дивите депонии, како дел од кампањата „Македонија без отпад“.

– Ваквите активности се поддржани и од Владата и се од особено значење бидејќи придонесуваат не само за подигање на свеста кај граѓаните, туку се двигатели на конкретните активности за расчистување на диводепонираниот отпад што бара многу посериозни зафати и системски решенија, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

Тој се приклучи на денешната акција за отстранување на дивите депонии во близина на изворот Рашче, во село Рашче. Во акцијата учествуваа и заменик министерот за животна средина Стево Темелковски, градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати и пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска. Во активностите на овој локалитет активно се вклучи и Градот Скопје со јавните претпријатија ЈП Водовод и канализација и ЈП Комунална хигиена кои за оваа акција обезбедија механизација и луѓе, потоа општината Сарај, како и припадниците на Црвениот Крст на Македонија.

– Со чистење на децениските депонии, кои се сериозна закана за пивката вода од изворот Рашче бидејќи се во непосредна близина на заштитената зона, започна процесот на вклучување на жителите од ова село во системот на организирано собирање отпад, чие воспоставување е во тек, нагласи градоначалникот на Сарај, Беким Мурати.

Активностите во општина Гази Баба ја потенцираа компонентата на потреба од постоење висока јавна свест кај граѓаните за фрлање на сметот на места определени за тоа. Општината заедно со своите служби, активистите на Црвениот Крст на Македонија, припадниците на АРМ, ЈП Паркови и зеленило од Градот Скопје, активистите на невладините организации и граѓани, во Гази Баба го чистеа левиот брег на реката Вардар, на појасот по Железничкиот мост. Поддршка на активностите дадоа заменик министерот за животна средина Стево Темелковски, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски и пратеничката на ДОМ , Лилјана Поповска.
Слични активности се реализираа и во Катлановска Бања, во општина Петровец каде на активнистите им се приклучија директорот на Управата за животна средина Игор Трајковски и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло