Спречени два обида за криумчарење 11 сириски мигранти

Од:

Полицијата во изминатите два дена при контрола на сообраќајот откри двајца македонски државјани што со возила се обиделе да прокријумчарат 11 сириски државјани кои нелегално ја поминале македонската граница.

Како што инфомрира МВР, синоќа околу 22 часот при контрола на патничко моторно возило „Порше Кајен“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(32) од Студеничани, скопско пронајдени се седум сириски државјани на возраст од 18 до 43 години. Возилото го запрел униформиран полициски службеник од Регионалниот центар за граничниот регион-Југ.

Лицата се приведени, Џ.Б. е предаден во полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а странските државјани ќе бидат сместени во Прифатниот центар во Скопје.

Завчера, пак, во 16:45 часот при контрола на патничко возило „мерцедес вито“ управувано од Н.Д.(37) од село Кочилари, општина Градско  пронајдени се четворица сириски државјани, на возраст од 18 до 30 години. Контролата е направена на патниот правец Гевгелија-Скопје, поточно кај тунелите кај Демир Капија.

Од страна на судија за претходна постапка на Н.Д. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, а Регионалниот центар за граничен регион „Југ“ му поднесе кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“. 

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста