Спречена нелегална сеча на дрвја на Водно

Од:

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вршење на вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнаа исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост.

-На предметената локација не се затекнати сторители, а дел од дрвата на парцелата биле веќе исечени. Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен разговор со нив, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата. Сопствениците на парцелата исто така се задолжени од инспекторите да ја донесат целосната документација на увид во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.

Од страна на Општина Центар на локацијата повикани се сите надлежни институции, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумската полиција и пријавен е во полиција и веќе на терен се инспектори од МВР, со цел да се дознае кој и зошто ја извршил сечата на дрва, а сопствениците со целосната документација се повикани на разговор во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар – велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2

Герасимовски: Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија и детска градинка во новиот ДУП Крњево 2