Спречен шверц на четири тони зеленчук од Македонија

Од:

Царинските работници на граничниот премин „Терминал“ кај Прешево спречиле шверц на четири тони зеленчук, два тона домати и уште толку лути пиперчиња.

Доматите и пиперчињата се отркиени во камион кој ги транспортирал од Македонија во Србија, а увозник била фирма од Врање.

– Станува збор за 2.015 килограми домати и 2.080 килограми лути пиперчиња наменети за пазарот во Белград. Стоката не беше пријавена, велат од Царинската управа за он-лајн изданието на весникот „Вечерње новости“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он