Спречен шверц на 1.100 електронски цигари

Од:

Едно лице утрово е лишено од слобода откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени 1.100 парчиња електронски цигари скриени во вреќи со грав.

Од СВР Тетово информираа дека утрово околу 7 часот и 35 минути на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот дебранин Б. З.

– При негов и преглед на патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал, во вреќи со грав биле пронајдени и одземени 1100 парчиња електронски цигари без документација, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Дебраниниот Б.З. е задржан во Полициското одделение Ростуше и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа