Спречен пожар на градската депонија во Делчево

Од:

Изгаснат е огнот што доцна синоќа настана како резултат на опожарување на градската депонија „Острец“ во Делчево. Како што инфомираше директорот на јавното претпријатие за комунална дејност Стојче Стојковски, екипи на јавното претпријатие „Брегалница“ кои се надлежни за депонијата, веднаш по известувањето од страна на Територијалната против пожарна единица се упатиле на местото и состојбата е ставена под контрола.

– Во 20 часот бевме известени од командирот на противпожарната единица дека е запалена депонијата. Од наша страна веднаш се преземени активности. Со нашето возило по пристигнувањето е направен земјен појас за да се спречи понатамошното ширење на пожарот, рече директорот Стојковски.

Се уште се утврдува причината за пожарот чиј чад беше забележлив синоќа и во текот на денешниот ден.

– Пред еден месец имавме опожарување на депонијата кое беше предизвикано од човечки фактор. Се пали дел од отпадот кој содржи текстил за да останат железните делови за потоа да ги продаваат. Се уште немаме информации дали и сегашното опожарување е резултат на недозволени активности од страна на несовесни граѓани, додава Стојковски.

Акцијата за санирање на опожарениот дел од депонијата како што информираа од делчевското комунално претпријатие продолжи и во текот на утринските часови, а во текот на денот се очекува да се изгуби и непријатната миризба која настана како резултат на опожарувањето на депонијата.

Би можело да ве интересира

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски

Огромен пожар во Дака: Илјадници луѓе останаа без покрив над главата

Пожар избувна во полициската станица во Книн, делови од градот без струја