Спречен обид за криумчарење мигранти на патот кај Василево

Од:

Полициски службеници синоќа спречиле обид за криумчарење осум мигранти од Пакистан, Ирак и Либија при контрола на возило на стариот помошен пат од село Василево кон местото викано Слобода.

Мигрантите, шест со документи од Грција, а двајца без документи, биле пронајдени во патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое успеало да избега.

По наредба  на јавен обвинител, тројца мигранти се предадени во Прифатен центар во Скопје, а другите се во Транзитен центар во Гевгелија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите