А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречен обид за криумчарење 13 килограми марихуана на Табановце

by А1он11/04/2013 - 13:0211/04/2013 - 13:03247
Share0

Царинската управа синоќа спречи обид за криумчарење на 13 килограми марихуана на излез од граничниот премин Табановце, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов.

Следете a1on на Instagram Instagram

Марихуаната била пренесувана од страна на државјани на Албанија со возило Тојота Рав 4 со албански регистарски таблички.

– Дрогата е откриена на начин што претходно врз основа на селекција на членови на специјалните единици на Царинската управа и  употреба на царинско куче е детектирано дека се работи за случај за шверцување на одредена наркотичка дрога, изјави Каргов.

При деталниот преглед, во пределот на резервната гума, задните врати, и други шуплини во џипот биле најдени поголем број на пакување со марихуана.

Патот на марихуаната, од Албанија, требало да се одвива преку Косово и Србија, но поради режимот на поминување меѓу овие земји тие се вратиле назад и преку граничниот премин Блаце и Табановце  требала да излезе од Македонија со крајна дестинација Будимпешта,  Унгарија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Против сторителите, Царинската управа ќе поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, до надлежното Јавно обвинителство.

Цената на запленетата марихуана на западноевропскиот пазар се проценува на 30.000 евра, додека во малопродажба достигнува и до 60.000 евра.

Од почетокот на годинава, македонските цариници спречиле 14 обиди за шверц на марихунала и притоа заплениле околу 530 килограми од оваа дрога.

drogatabanovce

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Горан Наумовски17/10/2026 - 13:15

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

Горан Наумовски03/09/2026 - 07:14

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

Катерина Ѓуровски30/08/2026 - 18:45

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски30/08/2026 - 13:0030/08/2026 - 18:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео