А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречен обид за изнесување културно наследство

by А1он13/04/2013 - 15:25139
Share0

Царинската управа спречи нов обид за изнесување 48 стари нумизматички монети од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време (од 17 век од н.е.), со различно писмо, големина и ознаки, од Македонија преку граничниот премин Делчево во Бугарија.

Добивај вести на вибер

И овој обид за изнесување културното богатство е извршен од страна на американски државјанин, кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип.

Случајот е откриен вчера, на граничниот премин Делчево, кога на царинската линија за излез од државата пристигнал автомобил Фолксваген Каравели со бугарски регистарски ознаки, управувано и во сопственост на осомничениот Џ.Б.Х., државјанин на американската држава Минесота. Поради сомневање во неговата изјава дека нема ништо да пријави за царинска конрола, царинските службеници од царинската испостава Делчево го селектирале за деталена контрола. При личен претрес во предниот десен џеб од тренерките се пронајдени 38 парчиња стари нумизматички монети во различна големина и ознаки и писмо кои биле завиткани во обична бела хартија, во предниот лев џеб од неговите фармерки биле пронајдени уште 8 монети во различна големина и различно писмо, а во личниот багаж (левиот и десен џеб од патната торба спакувани во пластични зипер кеси) пронајдени се уште 2 монети.

Пронајдените примероци претставуваат споменик на културата на Република Македонија кој осомничениот се обидел да ги изнесе во странство без дозвола на надлежен орган.

Осомничениот има привремено престојувалиште во Софија, Бугарија, а во Македонија пристигнал пред два дена каде по кратко време остварил средба со негов пријател, македонски државјанин кој живее во Штип и за кој знаел дека поседува и продава стари монети. Двајцата се договориле да се сретнат следниот ден на патниот правец Штип-Радовиш кај бензинската станица на „Макпетрол“ каде пријателот му ги донел монетите. Потоа, пријавениот со својот автомобил, веднаш се упатил кон македонско-бугарската граница каде имал намера да ги изнесе монетите.

Царинската управа против пријавениот поднесе кривична пријава за „Изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”. Кривичната пријава, пријавениот и доказниот материјал се предадени на надлежен истражен судија кој по спроведената истражана постапка му одреди мерка притвор во трање од 30 дена.

carina

Би можело да ве интересира

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

Горан Наумовски20/05/2025 - 12:17

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски16/04/2025 - 11:2816/04/2025 - 11:28

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Горан Наумовски06/04/2025 - 15:41

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Горан Наумовски25/03/2025 - 14:24

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он08/01/2025 - 15:58

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Горан Наумовски02/09/2024 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен