Спортистите ќе мора да држат дистанца од пет метри на тренинзите и не смеат да ги користат соблекувалните, предвидуваат протоколите

Од:

Спортски тренинзи можат да се одржуваат само доколку во салата може да се одржи растојание од пет метри помеѓу секој спортист, предвидува протоколот, по олабавувањето на мерките од страна на Владата. Тренингот може да се одржи само со пет лица и еден тренер е уште едно правило до кое сите мора да се придржуваат. Протокол за работа има и за спортските обложувалници кои од денес започнаа со работа, но таму, растојанието меѓу присутните играчи мора е два метри. За тренинзите, мора да се води евиденција за спортистите и присутните, поради полесно следење на контактите.

„Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора да се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание. Тренингот да се обавува на отворен простор. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“, се вели во протоколот за спортистите.

Спортските обложувалници, ќе мора да внимаваат за посетителите да не се групираат внатре во објектот, однсоно да одржат дистанца од два метри. Задолжителна заштитна опрема мора да носта и вработените.

„На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2м со играчот кој следен чека за уплата. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци“, пишува во протоколот за спортските обложувалници.

Би можело да ве интересира

Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција

Џани Инфантино доби поддршка од 99 проценти од членовите на ФИФА за четврти мандат како претседател

Како Халанд ја претвори својата фризура во бизнис: Ластиците за коса „пламнаа“ штом се појавија во продажба

Предраг Петровиќ

ФИФА ја одби жалбата на Белгија, образложението ја шокираше јавноста

Предраг Петровиќ

Трамп вмешан во скандалот на Светското првенство: Јас се јавив во ФИФА

Предраг Петровиќ

Белгијците како никој досега ја обвинија ФИФА и Американците: „Се обидовте сè да сокриете на официјалниот состанок“

Предраг Петровиќ