Спорното интервју на Латас кај Лазаров веќе не е на youtube

Од:

Интервјуто на Драган Павловиќ Латас веќе го нема на youtube каналот на Стефан Лазаров. Разговорот кој предизвика бура реакции откао Латас во еден дел раскажува за сексуално искуство со девојка на која и биле удирани шамари и имала секс со повеќе луѓе од попладнево не може да се најде на социјалната мрежа. Интервјуто беше емитувано пред пет дена.

Денеска по пријава од МВР, Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет.

„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.“ рекоа од Обвинителството за А1он.

Јутуберот Лазаров откако ја повлече првичната реакција од социјалните мрежи за вечерва најави видео во кое ќе се огласи за ситуацијата за која вели дека отишла предалеку.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Откопан гробот на Зоки Фаци

А1он

(ВИДЕО) Тамара Тодевска и Стефан Лазаров со песна за сите блиски кои повеќе не се со нас

А1он

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он