Споменикот „Прилепски бранители“ во последна фаза

Од:

Најдоцна за 2-3 дена се очекува да биде завршена монтажата на новиот споменик „Прилепски бранители“, кој започна да се поставува на кружниот тек што го вкрстува булеварот „Гоце Делчев“ и улицата„Димо Наредникот“ и се очекува комплетно да биде завршен заедно со осветлувањето пред почетокот на Пиво фест.

Бранко Нешкоски,директор на ЈП за просторно и урбанистичко планирање,посочува дека поради грандиозноста на споменикот елементите ќе се поставуваат етапно.Челичната конструкција е висока 18 метри, а ќе биде и специјално осветлен, при што на одредени временски интервали ќе се менува бојата на споменикот.

Споменикот ќе ја чини Локалната самоуправа околу 50.000 евра,а е изработен од фирмата „Факом“ од Скопје. Модернистичкото спомен-обележје ќе ја симболизира борбеноста и непокорот на Прилепчани, кои дале многу борци.

За прилепските бранители ова е уште еден симбол дека Прилеп е секогаш меѓу првите на браникот на татковината.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски