Списоци на ВМРО-ДПМНЕ откриваат нови злоупотреби на грбот на социјално загрозените?

Од:

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ употребила доверливи податоци од Министерство за труд и социјална политика за да направи листа од социјално загрозени граѓани по градовите низ Македонија со цел да ги придобие нивните гласови, тврди пратеникот од СДСМ, Јован Митревски. На последната пленарна седница во Собранието од говорница тој покажа списоци со имиња на социјално загрозени граѓани и упатство за настап на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Пред да биде прекинат од собранискиот спикер, Митревски успеа да им каже на пратениците дека власта и понатаму ги злоупотребува институциите за свои партиски цели.

spisok1

На списоците што ги изложи пратеникот се наоѓаат имиња на сите социјално загрозени граѓани од Струга, нивната возраст и адресата на живеење. Во посебна колона наречена „мапирани“ е впишана нивната партиска определеност, дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ или се неопределени. Личните податоци на овие граѓани ги поседува само Министерството за труд и социјална политика.

-Мене овие документи ми ги даде член на ВМРО-ДПМНЕ засрамен од тоа што го прави неговата партија – вели Митревски.

spisok2

На собраниската говорница тој ги приложи овие листи како доказ дека власта манипулира со социјалните случаи.

-Еве доказ за партиска злоупотреба во Министерството за труд и социјална политика, доказ дека партијата ја поклопила државата и се уште ја злоупотребува. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не ја зголемува минималната плата затоа што сака зависни граѓани, а сиромашните се зависни – порача Митревски во Собранието на дискусијата за Законот за минимална плата.

spisok3

Списоците со упатството за однесување, наводно,според него, биле доставени до општинските комитети на владејачката партија. Членовите потоа да ги употребале за да посетуваат „мапираните“ од врата до врата и да им ги презентираат владините проекти за социјална заштита. Како што стои во планот кој го покажа пратеникот, „кимовите“ или координаторите на избирачките места, требало да се однесуваат позитивно, оптимистично и да звучат милозвучно.

spisok4

„При посетите на потенцијалните гласачи кои се корисници на Социјална парична помош, кимовите во нивната презентација потребно е да бидат милозвучни, дисциплинирани и разбирливи. Треба да се одговори аргументирано на секое прашање, да се внимава да не се навреди соговорникот и да се покаже блискост, да не постои ни најмалку апатија туку да се прикажува и пренесува ведар дух и оптимизам и неисцрплива желба за работа. Разговорот секогаш треба да започне со лично претставување на членовите на КИМ-от, да кажат дека се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Потоа да го замолат соговорникот на кратко да му ги прикажат резултатите од тоа што до сега е направено и превземено во врска со граѓаните корисници на СПП.

aktivnosti

 

Разговорот се завршува со прашање „Се надеваме господине/госпоѓа верувате во нашата работа. Ве уверуваме дека оваа Влада составена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со бенефициите за поддршка на најзагрозените категории во РМ.“, стои во упатството наречено „Акциски план за посети“.

Наводно ова е првата активност на општинските комитети во изборната кампања која веќе се одвива. Посетите почнале на 15-ти септември со план да завршат до крајот на месецот.

akciskiplan

Градоначалниците и локалните функционери требало да помогнат во рок од два дена после посетата да им се достави донација, еднократна помош или здравствен преглед на оние лица на кои најмногу им требало.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски