Спикерот Џафери на својот австриски колега Соботка му врачи благодарница за помошта на австриските пожарникари

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Волфганг Соботка, претседател на Австрискиот национален совет, на маргините на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, што се одржува во Виена, во заедничка организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Австрискиот парламент.

Џафери му се заблагодарил на Соботка за одличната организација на првиот масовен меѓу-парламентарен настан од почетокот на пандемијата, кој што се одржува со физичко присуство на учесниците, со сеопфатни здравствени мерки и протоколи.

На средбата, Џафери му врачил благодарница на својот колега, претседателот Соботка, за несебичноста и пожртвуваноста на австриските пожарникари, кои беа рамо до рамо со нас за време на битката против пожарите што ја зафатија нашата земја.

Воедно, тој упатил срдечна благодарност до Република Австрија и австрискиот народ за пријателството и соработката, како и силната поддршка во нашите напори за членство во Европската Унија.

„Претседателите на двата парламенти изразија подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебната соработка, со цел за продлабочување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија.

Претседателот Талат Џафери оствари кратка средба и со Дејан Звиздиќ, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина. Соговорниците разменија мислења за тековните состојби во двете земји и во регионот, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу парламентите“, информираат од собраниската прес служба.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Левица: По иницијатива на Левица Антикорупциска го казни Таљат Џафери

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он