Специјалистите стоматолози со итни барања до Министерството за здравство и ФЗО

Од:

Зголемување на цените на специјалистичко-стоматолошките услуги, буџетот да соодвестува со големината на тимот, предвидениот месечен буџет да се состои од загарантиран фиксен дел пресметан по дадените услуги, корегирање на правилниците за работа во специјалистичка – стоматолошка дејност, проширување на пакетите на специјалистички услуги, нови партнерски договори со Фондот за здравствено осигурување (Ф.З.О) со коректни и реципрочни обврски со двете договорени страни, како и овозможување на лекарот специјалист да извршува дејност од својата специјалност на ниво на целата територија на државата, можност за конзилиарно решавање и спроведување на дијагностички принципи што е од особен интерес на пациентите – осигурениците.

Ова се барањата на Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија кои денеска јавно се обратија до надлежните институции (Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување) и осигурениците.

– Бараме зголемување на цените на специјалистичко – стоматолошките услуги кои не соодвестуваат со зголемените материјални трошоци. Тоа влијае врз изборот на квалитетни материјали и влијае на квалитетот, резултатот и ефикасноста на пружената терапија кон пациентите, односно осигурениците, порача денеска д-р Сузана Антовска.

Таа вели дека поради нереалните цени на услугите што ги пружаат, функционираат со плати во висина на минималната плата во државава и се наоѓаат во ситуација секој месец да се борат за опстанок на нивните ординации.

Се надева дека овие барања ќе бидат прифатени од министерот за здравство и директорите на Ф.З.О најдоцна до 10 декември годинава.

– Како приватни здравствени установи сме дел од здравствениот систем во државава и активно придонесуваме во квалитетот на оралното здравје на сите граѓани. Затоа бараме од министерот за здравство и Ф.З.О да ги прифатат и имплементираат нашите барања и да добиеме позитивен одговор најдоцна до 10 декември 2019 година, рече Антовска, додавајќи дека доколку не се случи такво нешто ќе бидат приморани да излезат на генерален штрајк, заради тоа што им претстои потпишување договори кои треба да важат од 1 јануари 2020 година.

Џевит Алиу од Кичево од Здружение на забни техничари концесионери вели дека во државава треба да постои единствена и реална цена за изработка на забопротетски помагала или ортодонски апарати.

– Нашите барања се да има единствени цени во државата, реални цени и да не бидеме оставени за на слободен пазар да се пазариме со докторите. Некои плаќаат повеќе, некои помалку. Не можеме под овие услови, со овие цени да опстанеме. Реални цени би биле според нас негде околу 6.000 денари пар тотални протези за изработка и околу 3000 денари едно ортодонско апаратче, вели Алиу.

Би можело да ве интересира

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Конзилијарно мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, според ФЗОРСМ остава простор за шпекулации

Горан Наумовски

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

ФЗО: Барањето за Леонид Индов се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија