Специјалците на АРМ со воени возила на вежба во Хрватска

Од:

Триесет припадници на полкот за Специјални намени при АРМ со седум борбени возила од вчера учествуваат на воената вежба „Брз одговор 2019“ на вежбовниот полигон „Еухен Квареник“ во Слуњ, Хрватска. Вежбата се изведува од 10 мај до 7 јуни во три држави, во Унгарија, Словенија и Хрватска и тоа во две фази.

Во првиот дел АРМ учествуваше со 20 припадници од противвоздушната одбрана од воздухопловната бригада и пет припадници во улога на медицински тим, кои учествуваат на делот од вежбата кој се одвива во Словенија

На вежбата, како што е објавено на веб-страницата на командата на Армијата на САД во Европа, учествуваат вкупно 6.500 припадници од армии на САД, Словенија, Хрватска, Република Северна Македонија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Полска, Франција, Италија, Обединетото Кралство, Германија, Литванија, Црна Гора и Косово.

Од АРМ за МИА појаснија дека со учеството на оваа вежба, нашите припадници и единици, пред се, ќе ја подобрат интероперабилноста и регионалната соработка помеѓу земјите учеснички, компатибилноста во спроведување на процесот на донесување на воени одлуки и НАТО процедурите како и комуникацијата помеѓу армиите.

-Главна цел на вежбата е подобрување на мобилноста и придвижување на единиците и техниката од една локација до друга, притоа проигрувајќи разни сценарија во која се вклучени единици од различни состави. Покрај ова со вежбата се подобрува регионалната кооперативност помеѓу земјите учеснички и способноста за спроведување на НАТО предводени операции, информираат од АРМ.

Би можело да ве интересира

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски

Магла на Плетвар, влажни коловози

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ