А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СПЦ подготвува стратегија за продолжување на дијалогот со МПЦ

by А1он27/05/2019 - 09:33318
Share0

Српската православна црква интензивно ја подготвува стратегијата за релативно брзо продолжување на замрзнатиот дијалог со Македонската православна црква, пишува денеска „Вечерње новости” .

Добивај вести на вибер

Весникот потсетува дека продолжувањето на дијалогот беше најавен по Соборот на СПЦ, но оти засега нема коментар од МПЦ.

Во СПЦ се работи на стратегијата за дијалог во очекување на одговорот од вселенскиот патријарх Вартоломеј на барањето од македонската црква и премиерот Зотан Заев за утврдување на статусот на МПЦ-ОА.

„Вечерње новости“ го пренесува кусиот коментар на портпаролот на Синодот на МПЦ владиката Тимотеј дека македонските владици ќе заседаваат и ќе ја разгледаат евентуалната понуда од СПЦ за продолжување на дијалогот кога таа и официјално ќе пристигне во Скопје.

Ако првата етапа од обновените преговори биде задоволителна, реални се очекувањата дека барањето за статусно решавање на афтокефалноста на МПЦ набзо ќе биде разгледувано во СПЦ, пишува весникот.

Светиот архиерејски собор на СПЦ пред десеттина дена донесе одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Решението на СПЦ за обновување на преговорите со МПЦ следува по одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија да почне да го разгледува барањето на МПЦ за решавање на нејзиниот статус.

Вселенската патријаршија во соопштението издадено по синодската седница на почетокот на месецов не даде детали за разговорите за прашањето на МПЦ, но според верските аналитичари, самото ставање на оваа тема на дневен ред значи почнување на официјалната процедура за решавање на статусот на црквата во Македонија.

Медиумите во Србија во тој контекст потсетуваат и на неодамнешната изјава на рускиот патријарх Кирил дека Вселенската патријаршија може да го примени „украинското сценарио“ за признавање на афтокефалноста и на Македонската православна црква.

– Синодот на Цариградската патријаршија почна официјално да го разгледува барањето, за што беше објавено и соопштение. Зошто Фанар би го разгледувал барањето ако, сепак, нема намера да го повтори „украинскиот рецепт“ и за Скопје, рече патријархот Кирил во интервју за „Политика“ минатиот месец.

mpcspc

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 21:47

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ09/05/2025 - 18:0709/05/2025 - 18:11

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 08:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен