СПЦ одобри условно продолжување на дијалогот со МПЦ

Од:

Светиот Архиерејски Собор на Српската православна црква денеска го одобри продолжението на дијалогот меѓу претставници на СПЦ и Македонската православна црква – ОА а условот, како што се наведува во соопштението од Соборот, е стопирање на прогонот на архиепископот охридски и митрополит скопски Јован.

Како што е наведено во соопштението на СПЦ, Соборот начелно го одобрил продолжението на дијалогот со цел, како што се наведува, изнаоѓање канонски исправно и во црковен дух прифатливо решение за статусот на МПЦ-ОА.

Услов за дијалог, се додава во соопштението од Соборот, е стопирање на прогонот на Јован Вранишковски, како и прогонот на повеќе свештеници и верници на автономната Православна охридска архиепископија, односно откажување од судски процеси коишто веќе се покренати против нив.

Соборот посочува дека за потребите на обновувањето на дијалогот треба да се формира нова Комисија на Светиот Архиерејски Собор, а за нејзин претседател да се именува митрополитот црногорско-приморски господин Амфилохие, а избран е и составот на Комисијата.

Со ова, се наведува, вон сила се ставаат сите досега донесени одлуки со кои биле одредени состави на поранешните комисии за водење на дијалогот.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите