СПЦ: Никакво писмо од Скопје нема стигнато во Патријаршијата во Белград

Од:

„Разни и често противречни вести за возможностите во однос на изнаоѓањето решение за црковниот раскол во Република Македонија во последно време се шират низ медиумскиот простор. Помеѓу останатото, скопските медиуми објавија – а некои други медиуми тоа го пренесоа – дека водството на Црквата во Македонија, која себе се нарекува Македонска Православна Црква, а се наоѓа во раскол со сите помесни Православни Цркви, упатило писмо до Светиот Архиерејски Собор со кое бара продолжување на разговорите. Со жалење соопштуваме дека станува збор за дезинформација, бидејќи никакво писмо од Скопје овие денови нема стигнато во Патријаршијата во Белград.

Независно од тоа, Светиот Архиерејски Собор искрено и одговорно, пред Бога и луѓето, изјавува дека Српската Православна Црква секогаш била и денес е отворена и подготвена за дијалог, со најдобра намера да даде одлучувачки придонес за воспоставување на канонски поредок, верски мир и братска љубов во соседната и пријателска земја.

Но, за да дојде до тоа, неопходно е претходно да биде ослободен неправедно затворениот канонски Архиепископ охридски г. Јован, затворен и на маки изложен токму на барање на врвот на Црквата која се наоѓа во раскол.

Порака, идентична со оваа наша братољубива порака, на јерархијата на „Македонската Православна Црква“ ѝ упатија и Светејшите Патријарси, вселенскиот г. Вартоломеј и московскиот г. Кирил, како и поглаварите на другите Православни Цркви“, се вели во соопштението на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите