Спасувачот на Села: „На 27 април во Собранието се бараше шиптарска крв“

Од:

Абдулфетах Аљими кој за настаните од 27 април во Собранието е обинет, а истовремено и сведок за нападот на пратеникот Зијадин Села го препознава Александар Јаневски кој според сведокот играл топло-ладно и ја контролирал толпата за време на нападот.

„Кога влегов во прес-салата, Зоран Заев беше облеан со крв. Фрлаа со столици, предмети. Беше хаос. Стоев пред Зоран Заев, Оливер Спасовски и Талат Џафери. Се фрлаше со се и сешто, се бараше шиптарска крв, ова се зборови доаѓаа од толпата. Тоа нешто не сум го видел ни во филм. Не видов пиштол, но го очекувавме и тоа”, сведочи Аљими.

Сведокот тврди дека видел како извесен човек си играл, како што вели „топло-ладно“, ги смирувал напаѓачите па потоа давал наредби кон останатите присутни. Тој вели дека паметел двајца од напаѓачите на Села.

„Имаа малку брада, едниот беше постар околу 50 години, со бела коса и тој е тој што си играше топло-ладно. Толпата го слушаше ова лице. Тој е во судницата”, рече сведокот Аљими.

Сведокот Аљими препозна уште еден од обвинетите, лицето Кире Георгиевски, кој бил насилен на 27 април во прес-салата на Собранието. Лице кое било качено на маса и носело фантомка ги насочувало лицата кон Зијадин Села.

„Колешката ме викна во Клуб на пратеници и ми рече „Фетах дојди, Села е починат“, односно така сум разбрал. Но колешката Милунка ми рекла дека Села е тешко ранет. Кога го видов, мислев дека е мртов, беше цел со крв. Таму имаше многу луѓе, а еден со бела маица на глава го удри Села со нога. Не го памтам лицето” рече Аљими.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски