Спасувачки тим најде загубени холандски туристи на Баба Планина

Од:

Холандски планинари кои попладнево се загубија во шумите на Баба Планина, вечерва околу 20 часот се најдени и згрижени од специјален тим на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), регионално одделение во Битола.

Димче Јошевски, раководител на регионалната канцеларија на ДЗС во Битола, во изјава за МИА потврди дека холандските планинари се пронајдени, згрижени и сместени да преноќат во планинарскиот дом на Големо Езеро.

– Станува збор за маж и жена на возраст од 35 години кои утрото тргнале кон двете езера на врвот на планината, познатите Пелистерски очи. Најверојатно од непознавање на патеката во еден момент се изгубиле, но добро е што телефонски пријавија дека имаат проблеми во шумите на планинната. По брза интервенција на петчлен тим за спасување во планина избран од ДЗС, туристите планинари од Холандија ги пронајдовме во месноста Козји Камен, изјави Јошевски.

Холандските туристи кои ги користат можностите што Битола ги нуди за селско-планински туризам во едно од битолските села вечерва ќе преноќат во планинарскиот дом на Големо Езеро, а утре со придружба ќе се вратат во селото каде што се сместени, информираа од регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска