Денес доцна попладне од страна на полициската станица Крушево бевме информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
– Несреќата се случила во близина на Крушево. Бидејки локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување кој во моментов се движи кон местото на несреќата, нагласи Ангелов.