(ВИДЕО) Спасовски: Знаеме со кого се среќавал Груевски, но други факти се поважни од тоа

Од:

Добиваме информации со кого се среќава Груевски, но сметаме дека други факти се поважни од тоа, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, запрашан за бегството на поранешнниот премиер во Унгарија.

„Добиваме различни инфорамции за многу аспекти, мислам дека други факти се многу поважни за тоа дали некој таму го посетува во однос на целиот тој случај, но секако дека добиваме такви информации”, кажа министерот.

Спасовски исто така посочи дека МВР нема никаков пропуст, запрашан дали тој има одговорност за бегството на Груевски.

„Одговорноста треба да ја утврдат надлежните органи. МВР нема ниту еден пропуст во овој случај, ниту во ниту еден друг случај. Доколку нема одлуки на Обвинителството, односно судот, да се одредуваат некои мерки за заштита и безбедност, МВР не може да превзема никакви мерки“, рече тој.

Груевски во ноември минатата година избега во Унгарија каде што доби политички азил. Тој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра. Македонските власти побараа негова екстрадиција.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога