Спасовски: За секоја одлука поврзана со вонредната состојба ќе ја информираме јавноста

Од:

На новинарско прашање дали  во услови кога се прогласува вонредна состојба се контролира  границата со Косово зашто, наводно, во кумановско Черкези има 20 камиони со десетици тони товар пченица од Косово, премиерот Оливер Спасовски одговори дека ќе ја провери информацијата и дали случајот е законски. Притоа нагласи дека и со прогласување вонредна состојба, животот не престанува и ќе продолжи понатаму.

-Наша идеја е што повеќе да функционира стопанството, но да бидеме ригидни и рестриктивни во однос на заштита на здравјето, рече Спасовски на прес-конференцијата посветена на членството во НАТО.

На прашањето како ќе работат вработените во компании на смени или тие што се во услужниот сектор 24 часа доколку се ограничи движењето, Спасовски додаде дека не би сакал да дава одговори на претпоставени прашања зашто такви, рече, може да има милион.

-И на претходниот пред информирав дека за секоја одлука која ќе ја носиме поврзана со вонредна состојба ќе ја информраме јавноста и врз основа на тоа ќе биде многу јасно кој и што треба да прави доколку се донесе каква било одлука. Сите тие одлуки ќе зависат многу од тоа како сите заедно се однесуваме. Ако ги следиме препораките и ги почитуваме и ако заштитата ни е пред сè, тогаш ќе поминеме сите многу полесно. Ако не, тогаш ќе треба да имаме рестриктивни мерки за кои навремено и ќе информираме, додаде Спасовски. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ