Спасовски за одлуката на МПЦ: Не можеме да ги затвориме верските објекти, апелирам граѓаните да останат дома

Од:

Премиерот Оливер Спасовски посочи дека Владата не може да ги затвори храмовите на верските заедници низ државата. Овој став следува откако МПЦ соопшти дека црквите ќе бидат отворени за литургија за престојните праници, но верниците на нив да носат маска или шал.

Спасовски апелираше до граѓаните да останат дома, во кругот на семејствата и така да го прослават Велигден.

„Да се почитува мерката да нема групирања и да останеме на социјална дистанца и за претстојните велигденски празници. Јас упатив порака и пред неколку дена во која реков дека сега е моментот велигденските празници да ги прославиме дома, со нашите семејства и во нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верските објекти и не практикување на верата. Тоа не може да се донесе. Во ниту една состојба, во која може да се најде државата, не може, затоа што тоа е право кое е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, одлуки на МПЦ и ИВЗ што се однесува на почитувањето на мерките на државата, за социјална дистанца. Апелирам до граѓаните за време на граѓаните да останеме дома, во кругот на нашите семејства, така најбрзо ќе го победиме ова зло, односно спречување на ширење на вирусот“, рече Спасовски.

Верските храмови за претстојните велигденски празници им даваат упатства на верниците на кој начин и кога ќе може да ги посетат и да ја извршат светата велигденска причест. На известувањата стои дека според препораките на Светската здравствена организација и владините мерки за справување на ширењето на заразата на коронавирусот, литургиите во деновите кога не е полициски час, храмовите ќе бидат отворени и ќе се одржи литургија во дворовите на храмовите.

Со оглед на тоа што полицискиот час ќе трае до вторник, кога се празнува третиот ден од Велигден, верниците што ќе сакаат да се причестат ќе може тоа да го сторат до 16 часот, но без целување и блиски контакти. Според отец Бобан, гласноговорник на МПЦ, храмовите се отворени кога нема полициски час исто како и маркетите и аптеките и верниците може да ги посетат на ист начин, односно ако ги почитуваат препораките за заштита.

Би можело да ве интересира

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија