А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Спасовски за хаосот во МВР: Недоволното познавање на тоа што се потпишува доведе до таква ситуација

by Кристијан Ландов14/01/2020 - 10:4814/01/2020 - 11:04807
Share0

Техиничкиот премиер  Оливер Спасовски на прес-конференција посочи дека очекува уште денеска да се реши проблемот што се создаде во МВР, откако техничкиот министер Наќе Чулев испрати телеграма со која ги укина наредбите на неговиот претходник, па се создаде хаос низ единиците во министерството. Спасовски смета дека за граѓаните не е важно кој какви возила вози, туку институциите да бидат функционални и да нема сериозни закани врз безбедноста.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Треба да се внимава во МВР, бидејќи не смее да имаме сериозни закани врз безбедноста или тоа да го предизвикаат одредени постапки, па да се создаде нестабилна ситуација. Ако се создаде хаос, тоа ќе биде поради лични интереси. Очекувам недоразбирањата да бидат надминати. Недоволното познавање на тоа што се носи како одлука доведува до ваква ситуација. Не треба да ги заморуваме граѓаните со тоа кој какви возила има, туку напротив, тие треба да седнат, да разговараат и да ги решат прашањата. За нас е поважно да се одржи безбедноста. Сметам дека задачата што ја добил директорот на БЈБ, да ја согледа состојбата по телеграмата со која се укинаа сите наредби, што, пак, сметам дека не е најисправниот модел, ќе  заврши уште денеска во МВР. Ова не е обезбедувањето од времето додека бев министер за внатрешни работи, тоа е зголемено според уредбите, но тие се луѓе кои јас ги избрав“, посочи Спасовски.

Тој посочи дека примарна задача на Владата е да обезбеди нормално функционирање на институциите и работите да имаат нормален тек, а сè надвор од тоа е слободно толкување на законите.

„Институциите треба да продолжат да функцинираат нормално и да испорачаат услуги на граѓаните. Ние знаеме дека примарна задача на оваа Влада е да продолжи функционирањето на институциите, а втората е да се организираат избори. Треба да има нормален тек на работите. Сè што е надвор од ова е самоволно толкување на законите“, кажа Спасовски.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео