А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спасовски: Во тек е изградба на нов објект на Прифатен центар за странци

by А1он16/08/2021 - 16:2017/08/2021 - 07:52301
Share0

Со цел подобрување на моменталните расположливи услови на постоечкиот Прифатен центар за странци, во тек е изградба на нов објект на Прифатен центар за странци, финансиран со средства од ЕУ во рамките на Националната ИПА програма за 2016 година, чиј главен корисник е МВР, објави пред 30 – тина минути министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален ФБ профил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права, како и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, нотирана во Посебниот извештај за состојбите во Прифатниот центар за странци во Гази Баба доставен во 2019 година, пишува Спасовски, неопходно беше „да се преземат конкретни мерки и активности за што е можно побрза дислокација на Центарот во друг соодветен објект“, што практично значеше изградба на нов објект на Прифатниот центар за странци, кој ќе ги исполнува сите стандарди за престој на лица, но и безбедносните стандарди за нормално функционирање.

– Станува збор за еден единствен објект, со ист капацитет како постојниот, на соодветна локација надвор од населено место, во близина на обиколницата, на неколку километри оддалеченост од населеното место Бардовци, а ќе биде усогласен со меѓународните норми и стандарди, по примерот на исти вакви центри во земјите од регионот. Сместен на североисточната страна од локацијата, затворен со свој двор, сообраќајници и пристапи, односно затворениот простор е со опфат помал од 20 проценти од целокупната локација која е на располагање. Затворен со свој двор, со потполно имплементирани современи мерки во однос на безбедноста. Целокупната локација е обезбедена со безбедносна ограда која претставува надворешен заштитен појас, а освен оваа ограда се формира и втор појас на заштитна ограда околу самиот објект, формирајќи на тој начин сопствен круг околу објектот со свои интерни улици за пристап, со цел беспрекорно функционирање на овој центар како посебна издвоена целина, појаснува Спасовски на фејсбук.

mvroliver spasovskiprifaten centar

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он14/10/2026 - 18:3314/10/2026 - 19:04

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Горан Наумовски14/10/2026 - 16:00

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео