Спасовски: Во Македонија има два паралелни процеси, враќање на начелата на одговорно работење и процес на реформи

Од:

„Како резултат на систематското уништување на правниот и институционален поредок кој во изминатата деценија се случуваше во Република Македонија, денес после една година од промената на власта се случуваат два паралелни процеси. Едниот е процес на заздравување или враќање на начелата на одговорно, законито и чесно работење и функционирање на правната држава, а вториот процес е процесот на реформи кои мораме да ги спроведеме на нашиот пат кон ЕУ и НАТО“, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес во Блед, во рамки на 13-тиот по ред „Бледски стратешки Форум 2018“ организиран од страна на Владата на Република Словенија во соработка со Европскиот фонд за Балканот, на кој учествуваат еминентни претставници на политичкиот, стопанскиот и културниот живот од регионот, од Европа и од светот.

Говорејќи во рамки на панелот посветен на „Безбедноста и владеењето на правото преку обновена ЕУ перспектива“, министерот Спасовски презентираше дел од низата активности што македонското МВР ги започна и ги реализира во овој период, притоа нотирајќи три клучни приоритети – реформата на системот на следење на комуникациите, зајакнување на капацитетите за борбата против организираниот и сериозен криминал, како и зајакнување на капацитетите во борбата против нелегалната миграција.

„Политичката криза што се случи во Република Македонија беше предизвикана од обелоденувањето на скандалот, кој ја запрепасти македонската, но и меѓународната јавност, скандал кој обелодени масовна злоупотреба на државните институции, уривање на правната држава, а сето тоа управувано од Управата за безбедност и контраразузнавање и злоупотреба на системот за следење на комуникациите. Секако дека фокусот беше на итната и неодложна реформа на системот за следење на комуникациите“, нагласи Спасовски.

Во тој контекст Спасовски се осврна на дел од досега завршени нормативни и други активности околу целосното реформирање на системот за следење на комуникациите.

Исто така Спасовски на панелот говореше и околу соработката со ЕУ, инструментите за помош што Унијата ги нуди во фазата на пристапните преговори, како и околу начинот на кој што се води целиот процес на пристапување во рамки на македонското општество.

„Со своето досегашно дејствување Унијата покажува дека и тоа како постои заинтересираност за земјите од Западен Балкан и дека овие земји се на агендата на унијата за проширување. Се разбира, за тој процес да биде ефикасен и успешен, соработката мора да биде обострана“, потенцираше Спасовски.

„Овој пат Владата на Република Македонија се залага и настојува реформскиот процес да почива врз целосна општествена инклузија буквално на сите општествени чинители, независно од која сфера доаѓаат, на максимална транспарентност и сеопфатно информирање за сите аспекти на процесите на скрининг, на преговарање, на реформирање. Отвореноста на процесите и нивната реализација ни е неопходна, затоа што само така ќе се дојде до нови квалитети, независно дали станува збор за човечкиот ресурс, или пак до натпревар на нови идеи и концепти што ќе треба да ни донесат долгорочни, но и соодветни законски или други решенија“, истакна министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Лавина во Словенија, се трага по тројца хрватски планинари

Катерина Ѓуровски

Претрес во куќата на екс министерот за полиција во Словенија – има сомнежи дека соработувал со Кавачкиот клан

А1он

Словенечките одбојкари се пласираа во осминафиналето на Светското првенство

Словенечката влада му забрани на Додик влез во земјата

Словенечките кошаркари го победија Исланд и обезбедија место во нокаут фазата на Европското првенство

Силно невреме со град ја погоди Словенија