Спасовски: Вчерашното пукање во Ис Гејт е криминална пресметка

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека инцидентот, односно вчерашното пукање во Ист Гејт, во кои се повредени две лица е криминална пресметка.

-Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал, рече Спасовски.

Посочи дека како МВР објавиле војна против овие криминални групи и тоа не е селективна и порача дека овде нема да застанат.

-Апсолутно треба на сите да биде јасно дека безбедноста на државата, безбедноста на градот е најважна за сите нас. Инаку прибирање на информации, податоци, на луѓе разговори и утврдување на факти, сето тоа се работи интензивно. Меѓутоа се работи коишто не можеме да ги споделеме во јавноста. Така да најдобро е сите информации да ги земате од официјалните извори на информирање, преку институциите, вели Спасовски.

Безбедноста на граѓаните не е загрозена, а полициските служби се постојано на терен, не само во моментов, туку во континуитет, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој одговараше на прашањето дали граѓаните се безбедни по вчершаното пукање во Ист Гејт молот.

-Што се однесува до инцидентот, значи од вчера активно се работи. Формиран е посебен штаб во Секторот за внатрешни работи-Скопје. Приклучени се тука од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн. Сите заеднички прибираат информации, докази за Јавното обвинителство, се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите коишто се во однос на овој настан, вели Спасовски.

Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа втор по ред инциденти, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и какошто вели работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетиран безбедноста на граѓаните.

-Така да активности се преземаат цело време. Што се однесува до сузбивање на било кои криминални групи, тоа статистиката може да го покаже и да се види. Така да перманентно може да се виде активности, видливоста на полицијата на терен, во сите сегменти и не само што ја зголемува безбедноста на граѓаните. Секако и овозможува да немаме индиции, коишто може посериозно..Вакви изолирани инциденти се случуваат и ќе се случуваат, вели Спасовски.

Прашан дали се размислува за поставување на скенери, бидејќи во Скопје има голем број на трговски центри, министерот за внатрешни работи, Спасовски вели дека неколкупати отварале таква дебата во рамките на МВР и какошто вели очигледно треба да се донесе некакво решение и правен пропис, со коишто би се задолжиле големите Трговски центри или другите објекти. Со кои би презеле низа на мерки, кои би значеле заштита на граѓаните, но и на самите објекти.

Би можело да ве интересира

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Ист Гејт Мол по пожарот продолжи со работа, делот за брза храна затворен за посетители

Локализиран пожарот во Ист Гејт Мол

Катерина Ѓуровски

Пожар во Ист Гејт Мол, се запалил вентилациски канал кај рестораните

Катерина Ѓуровски

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија