Спасовски: Светот ја поддржува Македонија, да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме светла иднина на нашите деца

Од:

Не смееме ниту во еден момент да ја пропуштиме оваа историска шанса, не смееме да дозволиме да не бидеме дел од овие историски процеси. Како граѓани на Република Македонија, без разлика на која партија и на која нација припаѓаме, без разлика во што веруваме, да не пропуштиме прилика да бидеме генерација која што ќе ја воведе Македонија во НАТО и Европската унија – порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните на општина Бутел.

Министерот Спасовски посочи дека токму доаѓањето на европските лидери во посета на земјава е уште една потврда и признание за нашата посветена работа, дека Македонија постигна напредок во реформите и покажа дека сака да оди напред, а светот ги отвора вратите за Македонија.

– Затоа треба да ја прифатиме подадената рака и обезбедиме светла иднина на нашите поколенија. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност, гарантиран територијален интегритет, гарантирани граници, мир и благосостојба за граѓаните . Безбедноста и стабилноста на една држава како што е Македонија не допринесува само за безбедноста на нашите граѓани туку носи безбедност и во регионот. И токму дополнително ја имаме таа одговорност да направиме се и да бидеме дел од тој голем колективен систем на безбедност-рече Спасовски.

Членството во НАТО значи и економија, смета Спасовски и додаде „затоа што тоа ги охрабрува странските инвеститори, но и домашните компании да вложуваат во земја со стабилна економија“.

– Примерите за просперитет на земјите кои станаа членки во овие два сојуза ги имаме и во регионот. Добиваме раст на животниот стандард, раст на вработеноста, платите, инвестициите, повеќе пари од фондовите на ЕУ за инфраструктура, образование , здравство и во земјоделието- истакна Спасовски.

Министерот Спасовски уште еднаш ги повика сите граѓани , да излезат на референдумот 30 Септември и да го дадат својот глас за Европска Македонија !

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

Референдум во Република Српска на 25 октомври

(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите