Спасовски: Се враќаат маалските полицајци на подрачјето на СВР Штип

Од:

Маалските полицајци се враќаат на подрачјето на СВР Штип со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на СВР Штип и ПС Кочани.

„Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип е мирна и стабилна. Денеска им дадов задача на началникот и неговите соработници да започнат со подготовка за реализирање на проектот за маалски полицаец и враќање на позорникарите на улиците на СВР Штип . Тоа ќе го направиме и во другите градови. Маалскиот полицаец е најдобар партнер со граѓаните и на тој начин заеднички ќе ја зголемиме безбедноста“, рече министерот Спасовски.

На денешните средби во СВР Штип и ПС Кочани се разговараше и за условите за работа на полицајците и проблемите со кои се соочуваат.

Министерот Спасовски денеска оствари работни средби и со градоначалниците на Штип и Кочани, Благој Бочварски и Николчо Илијев.

“Соработката меѓу локалната самоуправа и секторите за внатрешни работи е многу важна ако сакаме да имаме безбедни градови“, рече министерот Спасовски.

Во наредниот период министерот Спасовски ќе ги посети и останатите сектори за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски