Спасовски се сретна со претставникот на УНХЦР во Македонија

Од:

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со претставникот на Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР во Република Македонија, Мохамед Ариф.

Како што соопшти МВР, Спасовски и Ариф имале можност да ја разгледаат состојбата и да разменат информации во однос на бранот бегалци и мигранти кои транзитираат низ Република Македонија кон западно-европските земји, имплементацијата на Законот за азил, околу актуелните предизвици и начините за решавање на бегалската,  односно мигрантска криза, статусот на лицата со веќе признат статус на бегалци и во Република Македонија од претходната тнр. косовска криза и натамошната заемна соработка и координација.

На средбата, стои во соопштението, беше изразена силна подготвеност за продолжување на добрата соработка од двете страни.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава