Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

Од:

Системот „Безбеден град“ вчера регистрираше повеќе од 50.000 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, ова претставува преполовување на бројката во однос на 1 декември, кога во првите 24 часа од тест периодот беа забележани над 110.000 прекршоци.

Од вчерашните 50.652 прекршока, дури 48.861 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, 1.366 на минување на црвено светло, а 425 на учество во сообраќај со нерегистрирани возила.

Во првите 12 часа од вчерашниот ден регистрирани се 22.600 прекршоци, од кои речиси 95% се однесуваа на пребрзо возење.

Најмногу прекршоци се забележани на излезот од Скопје кон Тетово – вкупно 4.300 случаи.

Веднаш потоа како критична точка е булеварот Никола Карев, познат како Пластичарска улица, со 3.000 регистрирани прекршоци.

Кога станува збор за минување на црвено светло, најкритична точка е раскрсницата меѓу улиците Цветан Димов и Џон Кенеди, каде што камерите за еден ден регистрирале 45 прекршоци.

Податоците за тест-периодот откриваат дека најниската брзина за која е изречена казна е 51 километар на час, додека највисоката измерена брзина достигнува 209 километри на час.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он