Спасовски се сретна со катарскиот амбасадор: Потребно е да се посвети внимание на соработката во областа на безбедноста

Од:

Денеска во Министерството за внатрешни работи, се одржа работна средба помеѓу Mинистeрот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и Амбасадорот на државата Катар во Република Македонија Н.Е. Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд.

На средбата Министерот Спасовски ја посочи важноста во наредниот период посебно внимание да се посвети на правната основа за соработка во областа на внатрешната безбедност помеѓу двете земји. На тој начин би постоела правна рамка со која би биле уредени заедничката борба против организираниот криминал, борбата против тероризмот, недозволената трговија со оружје, недозволената трговија со оружје и други области кои ја засегаат безбедноста на двете земји. Исто така на средбата стана збор и за одличните пријателски односи помеѓу двете земји кои во иднина би требало дополнително да се развиваат во сите сфери на општественото живеење, а на крајот од средбата министерот беше поканет на официјална посета на Катар.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Се урна катарски воен хеликоптер, не се знае дали несреќата е поврзана со конфликтот на Блискиот Исток

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ