Спасовски се сретна со амбасадорката на Канада

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со новоименуваната нерезидентна амбасадорка на Канада за Србија, Црна Гора и Македонија Н.Е. Кетлин Чаба. Министерот Спасовски и го честита именувањето на амбасадорката Чаба, посакувајќи и успех во работата и изразувајќи надеж за добра соработка меѓу двете земји и во иднина.

На средбата се разговараше за безбедносната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и безбедносните служби на Канада,особено во делот на Секторот за меѓународна полициска соработка -Националното Централно биро. Исто така на средбата беше разговарано и за предлог иницијативата за потпишување на билатерален договор за взаемно признавање на возачки дозволи меѓу Република Македонија и Канада.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР