Спасовски: Реформи во полицијата, образованието, здравството

Од:

Носителот на кандидатската листа од СДСМ во Изборната единица 2 Оливер Спасовски вечерва на митинг во кумановската населба „Вера Которка“ и Доброшане ги презенетира проектите од програмата „План за живот во Македонија“.

Осврнувајќи се на образованието, Спасовски рече дека СДСМ изготви програма која е напишана заеднички со граѓаните. Се осврна и на економијата, здравството, администрацијата, а најави и, како што рече, конфискација на имотот на секој што направил криминал.

– Во програмата за образованието е превидено укинување на екстерното тестирање, враќање на достоинството на просветните работници, зголемување на платата и бенефиции, парични средства, награди, намалување на фондот на часови, реформа која ќе биде конзистента од предучилшното до високото образование, истакна Спасовски.

Според него, квалитетените кадри ќе влезат во државната администрација, а за лекарите е планирано двојно зголемување на платите. Ќе има и генерален резибор на судиите, додека за стабилна одбрана и внатрешни работи се неопходни реформирани министерства.

– Планот за живот е насочен кон граѓаните. Во првите четири месеци минимална плата ќе биде 12.000 денари, а по четири години 16.000, додека просечната плата ќе достигне 30.000 денари. Државата ќе им помогне на фирмите со цел зголемување на животниот стандард. Трајно ќе се реши и проблемот на стечајните работници. Мора да има правда за сите, подвлече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он