Спасовски: Реализираме инвестиции во опрема и реконструираме полициски станици

Од:

Создаваме услови да имаме мотивирани полициски службеници за да се подобрува работата и се насочивме да реализираме инвестиции токму во набавка на опрема и тоа го правиме под мотото „Опремена полиција, безбедни граѓани“ и да реконструираме полициски станици за да има подобри услови во објектите за работа на полициските службеници под мотото „Подобри услови за работа, поефикасна полиција“.

Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со опремувањето на полицијата и реконструкцијата на објектите.

– Редовната полиција околу 12 години нема земено никакви униформи, специјалните единици околу 14 години немаат земено униформи, полициски службеници во одделот за обезбедување од 2003 година немаат земено униформи, во МВР имаше само седум уреди за мерење алкохол во крвта и имавме само десет радари во државата и беше сосема јасно каде треба да ги насочиме нашите капацитети, рече Спасовски.

На 1 јуни 2017 година, потенцира, затекнавме 40 милиони евра доспеан долг, пари кои можеа да бидат наплатени веднаш и тие пари беа потрошени на сосема други приоритети во тоа време за таа влада, а главен приоритет беше прислушувањето, како повеќе да обезбедите опрема за да ставите повеќе луѓе на прислушување. Нагласи дека за шесте месеци во 2017 година реконструирани се седум објекти, а три се ставени во употреба, а во 2018 година се рекоструирани 11 објекти. Станува збор за полициски станици и други објекти потребни за македонската полиција.

– Полициските станици во Јегуновце и во Ѓорче Петров и зградата на управните служби во Куманово се нови и целосно ги опремивме со нов мебел. Ги реконструиравме полициските станици во Галате, Зајас, Битола, Кичево, Велес, објектите во Драчево, Солунска Глава, магацини за оружје, спортска сала во центарот за обука на МВР и за тоа во 2018 година потрошивме околу 23 милиони денари. Реализацијата на капиталните инвестиции во МВР е 99,8 проценти за 2018 година. Годинава имаме предвидено уште 70 милиони денари за реконструкција на објекти и веќе се започнати дел од овие активности. Многу време не се вложувало и некаде имаше субстандардни услови за работа, рече Спасовски.

Појасни дека почнуваат подготовки за градба на нови објекти за нивни потреби и дека добиле неколку ИПА проекти за реализација на важни инфраструктурни објекти за МВР. Градбата на еден од нив, како што посочи, е почната и до јуни треба да биде во целосна функција. Станува збор за центар во Прилеп во кој кога од кои било причини ќе застане системот што е на гранична контрола, на функционирање на информацискиот систем во МВР, ќе има back up и за многу краток временски период ќе може да профукционира повторно од тој центар.

– Втор објект што ќе почнеме да го градиме е нова зграда на Одделот за кримтехника во МВР по сите европски и светски стандарди, што ќе може да добие посебни сертификати за спроведување анализи не само за Македонија, туку и за надвор од државата. Третиот капитален проект кој во текот на годинава треба да го започнеме е градба на нов центар за странци. Имаме околу 200 милиони денари годинава предвидени за набавка на опрема на полициските службеници. Веќе се распишани сите тендери и очекуваме да се заврши таа постапка за да ја комплетираме целосната опрема, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он