Спасовски: Поранешни министри за земјоделство приведени за злупотреба на службена пложба

Од:

МВР во соработка со обвинителството денеска спроведе акција за приведување на четворица поранешни министри и заменици за земјоделство во врска со истрагата за злупотреба на службена пложба и овластување за доделување земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште. Со ова тие предизвикале штета на Буџетот од 1,4 милиони евра.

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по свеченото затворање на Обуката „Идентификување на потеклото на пожар – несреќен случај или кривично дело“ што се одржа во Центарот за обука во Идризово во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.

Спасовски истакна дека се обезбедени сите четири лица кои се опфатени со истрагата и додаде дека сите информации во врска со случајот ќе бидат обезбедени кога ќе заврши овој процес во заедничко соопштение со Јавното обвинителство.

Истрагата, како што претходно беше објавено, се води против поранешните министри за земјоделство Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски, како и против заменик-министерот Кристијан Делев.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби