Спасовски: Полицајците не смеат да бидат во служба на политичките партии

Од:

Ниту еден припадник на Министерството за внатрешни работи не смее да се става во служба на која било политичка партија, ниту да се користат материјално- технички ресурси, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на ПС Гази Баба каде во тек е обуката „Улогата на полициските службеници за време на избори“.

– Заврши времето кога просториите на МВР се користеа за партиски штабови, кога возилата на МВР се користеа за пропаганда. Најстрого ќе биде санкционирано какво било злоупотребување на човечки или материјално- финансиски ресурси во текот на изборниот процес, освен за полициската работа која значи одржување на јавниот ред и мир, обезбедување на сите митинзи што ќе се одржуваат од политичките партии до одржувањето на изборите, за да се обезбеди безбеден изборен ден, истакна Спасовски.

Министерот ги повика политичките лидери да бидат во функција на фер и демократски избори и порача дека секој случај што ќе биде прекршување на принципите ќе биде најстрого санкциониран. Информира дека МВР се подготвува интензивно и дека веќе е формиран штаб за подготовка на овие локални избори.

-Ние сме подготвени да го заштитиме изборниот процес, но партнери во тоа мора да бидат и граѓаните и политичките субјекти. Треба да се знае дека какво било нанесување штета преку демолирање на штабови или друго не ги зголемува можностите за подобар резултат, ниту ќе допринесе за добра изборна клима, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ