Спасовски оствари средба со Шпенга, државен секретар во МВР на Словенија

Од:

Министерот Оливер Спасовски денеска и утре учествува на Конференцијата на Министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута. Министерот Спасовски утре ќе има обраќање на Министерската конференција, а планирани се и неколку билатерални средби.

Денеска, на маргините од Конференцијата, министерот Спасовски оствари средба со Андреј Шпенга, Државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, на која беше разговарано за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и ризиците од евентуални нови бранови мигранти.Спасовски и Шпенга разговараа и за реформата на безбедносните служби и полицијата во Република Македонија, која ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР. Г-динот Шпенга потенцира дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он