Спасовски од Штип: Граѓаните ми посочија за одредени криминални активности во некои институции

Од:

Министерот Оливер Спасовски од Штип го најави проектот „Отворен кабинет“ со кој сака од прва рака да ги слушне проблемите на граѓаните и нивното мислење како полицијата да помогне во решавањето на истите.

– Имав средби со повеќе граѓани денеска во Штип. Неколку прашања се издвојуваат во однос на безбедноста, кражбата на дрва, возење на нерегистрирани возила од одредена популација на граѓани, безбедноста во сообраќајот. Јас сум задоволен што сите што дојдоа, зборуваа за заеднички проблеми. Посочуваат и за одредени криминални активности во некои институции. Можеме да дојдеме до корисни информации – рече Спасовски.

Во однос на истрагата на лажните бомби, Спасовски се прашува зошто одеднаш згаснаа дојавите за бомбите.

– Активното постапување на службите, сите кои што работевме на спречување на овие сајбер закани, успеавме преку промената на протоколите за работа со новото време да се избориме со ова. Првиот ден по носењето на протоколите имавме дојави три училишта, вториот ден уште во две и тука запре целиот процес. Јас очекувам да се поднесат кривични пријави затоа што обезбедувањето докази е при крај – рече тој.

И покрај зголемувањето на сообраќајните контроли на патиштата, несреќите со смртни последици се чести, па МВР ќе поставува видео систем за надзор кој до крајот на летото ќе биде инсталиран.

– Ќе има фиксни и мобилни уреди кои ќе се поместуваат и идејата е да опфатиме што повеќе патишта во земјата. Важно е дека на тој начин ќе имаме можност за поголема ефикасност во работењето.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он